Честитка од Руската амбасада: 8 Септември е симбол на непоколебливоста на Македонците

од Nikola Popovski
234 прегледи

Руската амбасада во земјава го честиташе 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.

Во честитката стои дека на „овој историски и значаен ден пред 31 година граѓаните на Македонија се определија за суверена, независна и самостојна држава“.

-Оттогаш 8 септември стана симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ! Нека е честит 8-ми Септември, Денот на независност, објави Руската амбасада.

Претходно честитки упатија и Американската амбасада, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и грчкото Министерство за надворешни работи.

Слични содржини