Четири деца во Колумбија се пронајдени живи – повеќе од две недели откако авионот со кој патуваа се урна во густата џунгла. Меѓу спасените има и 11-месечно бебе – како и деца на возраст од четири, девет и тринаесет години.
Авионот – Цесна 206 – превезувал седум лица, кој поради дефект на моторот во раните утрински часови на 1 мај паднал во џунглата.
Претседателот Густаво Петро рече дека откритието следело по „напорна потрага“ од страна на војската – и тој ја опиша веста како „радост за земјата“.
Од ударот загинале тројца возрасни, вклучувајќи го и пилотот, а нивните тела биле пронајдени во авионот.
Прелиминарните информации од колумбиската цивилна авијација, која ги координирала спасувачките напори, сугерираат дека децата избегале од авионот и тргнале во прашумата за да најдат помош.
Спасувачите, поддржани од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје што децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени со вегетација од џунглата.
Во спасувачките операции учествуваа авиони и хеликоптери и од армијата и од воздухопловните сили на Колумбија.