Четири години затвор за Ерера за местење натпревари?

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Во Шпанија сакаат да го испратат фудбалерот на Манчестер Јунајтед Андер Eрера во затвор четири години, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

Според изданието, на 28-годишниот играч на „црвените ѓаволи“ може да му биде забрането да игра фудбал шест години.

Ерера е меѓу осомничените за учество во местење на конечниот исход на натпреварот помеѓу Сарагоса и Леванте во 2011 година. Се верува дека тимот од Валенсија намерно изгубил 1:2 и Сарагоса преживеа во Ла Лига.

Истите обвиненија како Андер Ерера, кој е играч во Сарагоса во 2011 година, добија уште 35 играчи. Судењето се очекува да се одржи кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.

Слични содржини