Четири хороскопски знаци кои деновиве имаат добри шанси да раскинат

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

Влеговме во периодот на Стрелец, кој е знак на пријателство и сочувство, но кој внесува наивност, буди конкурентност и ароганција.

Четирите хороскопски знаци ги очекува голем тест во следните неколку дена и искушение да ја прекинат романтичната врска. Некои ќе го направат тоа.

Почетокот на владеењето на Стрелецот ќе донесе многу предизвици, а некои од нив ќе вклучуваат и раскинување на романтичните врски. Четири хороскопски знаци ќе бидат особено во искушение:

Бик
Со нетрпение ги очекувавте овие денови поради многу причини, но не очекувавте дека вашиот партнер ќе ја одведе вашата врска во доменот на „треба да разговараме“ и „време е за раскинување“.

Сигурни сте во вашиот одговор, а желбата за слобода не е само теоретски привлечна, туку изгледа како ветување за мир на крајот на едно многу тешко патување.

Дојдовте до оваа точка затоа што вие и вашиот партнер едноставно не можете да се договорите за ништо, а се што некогаш сте имале заедничко станува неподносливо.

Близнаци
Не сакавте ова да се случи, но сега сте против партнерот. Не сакате постојано да го жртвувате вашето здравје поради тага и очај, но тоа се емоциите кои моментално ве водат во романтичната врска. И не само вие, истото го чувствува и вашиот партнер.

Време е да се реши ситуацијата. Веројатно нема ни да зборувате бидејќи веќе сте зборувале за тоа и двајцата разбирате што ќе се случи. Но, изгледа дека товарот на одлуката сепак ќе падне на вас и вие ќе го направите првиот чекор. Ова ќе ве направи нервозни и под стрес.

Лав
Ѕвездите ве тераат да мислите дека се е позитивно, но едно е визијата за среќата, а друго реалноста. Се чини дека среќата постои само кога не сте покрај личноста со која сте во врска. Време е да се разделите, а вие го знаете тоа.

Можеби вашиот партнер не сфаќа колку сте сериозни во врска со ова, но наскоро ќе сфатите дека повеќе не можете да се залажувате. На убавите денови поминати заедно ќе гледате како на минато, што е тажно, но и неизбежно.

Скорпија
Овие денови ќе се чувствувате како да ја губите битката и вашата внатрешна сила. Самото губење на оваа моќ може да се одрази на недостаток на љубов кон личноста со која сте во врска.

Не можете повеќе да се лажете. Знаете дека не можете да се преправате дека сте вљубени во партнерот, а исто така знаете дека не можете да продолжите вака. А не сакате ни вие.

Слични содржини