Дали сте склони кон претерување? Ако сте еден од оние луѓе кои ги прикажуваат настаните, чувствата и ситуациите многу поголеми и посериозни отколку што всушност се – вие сте почувствителни од повеќето луѓе и си нанесувате најголема штета на себе.
Од најраните денови кога плачевте поради едвај видлива гребаница, преку школските денови кога правевте голема драма поради лоша оценка, до зрелоста, кога драмата на работа ви задаваше непроспиени ноќи, сте ја заслужиле репутацијата на некој кој од мравка прави слон.
Во продолжение прочитајте кои четири хороскопски знаци се големите победници во оваа категорија.
Лав
Кралевите на Зодијакот имаат его кое не познава граници. Тие се лојални, родени лидери, секогаш забавни да сте во нивно друштво, паметни, практични и секогаш искрени, без исклучок. Сепак, големото его ги тера секогаш да ги гледаат работите пограндиозни отколку што всушност се.
Затоа своите успеси ќе ги истакнат како најголеми во светот. Иако имаат големо его, Лавовите не се его-манијаци. Тие исто така ќе ги нагласат напорите на другите луѓе како поголеми отколку што всушност се, а кога Лавот ќе почне да ве фали, ќе се чувствувате многу важни. На сите ни треба Лав кога „тонеме“.
Рак
Најемотивните луѓе на Зодијакот исто така се склони кон претерување. Ако им се појави проблем во животот, тие ќе викаат, ќе плачат и ќе кукаат уште пред да седнат, размислат и да бараат решение. Во повеќето ситуации, Раковите на крајот сфаќаат дека непотребно ги потрошиле нервите.
Треба да внимавате да не го повредите Ракот. Нивните емоции се кревки и по природа се злопамтила кои нема да ги затворат очите пред неправдата што потенцијално сте им ја предизвикале. Покрај горенаведеното, Раковите сакаат да претеруваат во хедонизмот и затоа не се најдобри со пари.
Бик
Биковите имаат блага природа која крие огнен темперамент. Овој знак е максимално посветен на секоја врска, но доколку доживее разочарување, нема ни да слуша оправдување. Биковите се прилично избувливи, а нивните реакции понекогаш знаат да бидат многу побурни отколку што би требало да бидат во одредена ситуација.
Биковите се и вешти манипулатори кои секоја ситуација ќе ја свртат во своја полза. Инаетот често ги чини најмногу во животот, а токму тоа е полето на темпераментот во кое најмногу претеруваат. Бикови, понекогаш мора да се опуштите, но и да попуштите.
Стрелец
Енергичниот и огнен знак на Зодијакот ќе ги освои речиси сите што ќе го сретнат. Авантуристичкиот дух го насочува кон откривање на други култури, а патувањето е омилена забава на повеќето луѓе од овој знак. Луѓето под знакот Стрелец честопати ќе ги претстават авантурите што ги доживеале како поинтересни отколку што всушност се.
Исто така, кога ќе запознаат нова личност, ќе ја сметаат за свој најдобар пријател, а на крајот ќе се изгорат затоа што виделе пријателство таму каде што навистина го нема.