Сите понекогаш сме имале недоразбирање во врската, па знаеме колку е тешко да се постигне компромис со кој ќе бидат задоволени двете страни. Некои се подготвени да прават секакви жртви поради мирот и слогата, додека други ретко одлучуваат да попуштат и не сакааат ниту да помислат на компромис.
Овие четири хороскопски знаци особено се издвојуваат по својата неспремност на компромис.
Бик
Биковите се забавни, сентиментални, внимателни и верни по секоја цена. Меѓутоа, кога треба да се решат некои кавги, не се расположени за соработка. Во случај на расправија, нивната тврдоглавост може да преовладее и да ги затвори сите канали на комуникација. За родените во овој хороскопски знак многу е важно да научат дека понекогаш работите треба да ги видат од друг агол, наместо да се држат исклучително до своја точка на гледање.
Лав
Како официјални диви на хороскопот, Лавовите ретко сметаат дека потребите на останатите се подеднакво важни како и нивните. Ова не значии дека не го сакаат својот партнер или дека не им е грижа, туку се чувствуваат непројатно кога мораат нешто да сменат или да прилагодат.
Скорпија
Скорпиите се тврдоглави и ништо не ги плаши и во отежнати ситуации продолжуваат по старо. Поркај својот внатрешен отпор кон компромисот, со одредено охрабрување и добра комуникација, Скорпиите можат полека да почнат да бидат посамосвесни. Дури и со своите маани, тие можат да бидат фасцинантни, мудри и неверојатно секси.
Јарец
Јарците се познати по тоа што ја ценат праведноста над се. Нивните силни уверувања ги прават одлични заштитници и бранители, но кога се работи за љубовта, пробувањето да направите компромис може да трае вечно. Како земјен знак, Јарците се најстабилни од хороскопските знаци. Меѓутоа, овој знак знае често да се бори за своите права и да ги осудуваат другите кога ќе се обидат да се заземат за себе си.