Четири куќи во Прилеп изгореа по удар од гром

од Берта Китинска
174 прегледи

Четири куќи ноќеска изгореа во пожар во Прилеп, по удар од гром.

Во вчерашното невреме гром удрил во една куќа и предизвикал пожар, кој потоа се проширил и на соседните три куќи.

Пожарот се случил на улица Козара околу полноќ.

ТППЕ Прилеп веднаш интервенирала со 4 возила и 17 пожарникари и го гаснела огнот до три часот по полноќ, кога и бил изгаснат. Нема повредени лица.