Четири лица загинаа во вооружен напад во Русија

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Руските власти објавија дека вооружен маж на југот на земјата убил три лица, а потоа се самоубил.

Нападот се случил во градот Кримск во Краснодарската област.

Локалниот функционер Александар Рунов изјави дека мажот застрелал двајца вработени во клиниката, а потоа излегол надвор и пукал во случајни минувачи и убил уште еден човек, пренесува ТАСС.

Едно лице е рането.

Како можна причина за нападот, Рунов го наведе спорот околу разводот на напаѓачот.

Слични содржини