Според последниот ковид-извештај, во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кичево (58г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип (1), Гостивар (1) и Струмица (1). Починатите се пријавени во период од 09.03. до 12.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 48г до 77г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај 3 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.224, бројот на оздравени пациенти е 291.144, на починати е 9.159, а бројот на активни случаи изнесува 1.921.