Четири лица приведени на протестот пред Собрание

од Nikola Popovski
208 прегледи

Вкупно четворица се приведени на денешниот протест против францускиот предлог пред зградата на Собранието. Според информациите, лицата фрлале со камења и тврди предмети кон зградата на Собранието, додека внатре говореше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Претходно, од МВР соопштија дека се приведени две лица.

Протестот започна точно на пладне, а во моментот на булеварот пред Собранието има само една помала група граѓани.

Во секој момент се очекува продолжување на 81. седница на Парламентот, на која ќе се разгледува владината Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.

 

Слични содржини