Четири лица се во бегство, едно приведено по инцидентот во Kуманово

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Четири лица се во бегство, едно приведено , за кое обвинителството бара мерка за претпазливост, а еден малолетник пуштен, ова е епилогот по вчерашниот инцидент со државното знаме во Куманово, информираат од обвинителството.
Оттаму велат дека  на лицата што се во бегство, утврден им е индентитетот и се работи на нивно приведување. Околу  лицето што е приведено неговиот случај се работи и обвинителството ќе бара мерка за претпазливост.
Малолетникот според информациите од Јавното обвинителство уште синоќа откако се утврдило дека е  лице под 18 години бил пуштен поради законот за деца. Вчера неколку лица го симнаа државното знаме од јарболот во куманово и го поставија албанското. Интервенираше полицијата и владините служби и по извесен период беше  вратено државното знаме на јарболот.tv24