Четири млади девојки излетале со „фиат пунто“, пренесени се во болница

од Nikola Popovski
284 прегледи

Четири млади девојки излетале со возилото во скопско, извести МВР.

Како што велат од полицијата, на 06.06.2023 во 05.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Количани-с.Драчево, скопско, патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(18) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и уште две сопатнички М.Д.(20) и М.М.(18), двете од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.