Четири младинци од Заводот во Демир Капија ќе живеат во мал групен дом во Скопје

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Четири нови лица, младинци од 18 до 26 години се извлечени од Специјалниот завод Демир Капија преку процесот на деинституционализација. Отсега тие ќе живеат во мал групен дом во Скопје, каде ќе имаат подобри услови за живот, подобра и поквалитетна грижа, но и можност да се вклучат во заедницата и општеството. За нив ќе се грижат четири негувателки и две стручни лица.

–Откако ги извлековме сите деца од Демир Капија на возраст од нула до 18 години, продолжуваме во втора фаза, а тоа е извлекување на повозрасните односно младинците, затоа што сметаме дека секое лице заслужува можност за вклучување во општеството и да се искористат односно тој да ги вложи своите потенцијали и можности во него. Тие во Скопје ќе можат да ги користат социјалните услуги во оваа околина, да се вклучат во општеството и да добијат поквалитетна грижа и љубов што овој мал групен дом може да им ја понуди, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при посетата на домот.

За услугите да бидат поквалитетни, смета Царовска, тие треба да бидат креирани на локално ниво, поддржани од локалните самоуправи, а граѓанските организации да се појавуваат како даватели на социјални услуги. Овој мал групен дом, вели министерката, е пример за тоа.

Слични содржини