Четири нови случаи со коронавирус во општина Прилеп

од Vladimir Zorba

На територијата на општина Прилеп денеска се регистрирани 4 нови лица заразени со коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани изнесува 38. Од Центарот за јавно здравје во Прилеп потврдија дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во општина Крушево.

Во Инфективното одделение на прилепската Општа болница „Борка Талески“ се наоѓаат 4 лица, сите со средна клиничка слика.

Вчера во попладневните часови, во Инфективната болница во Скопје е транспортиран еден повозрасен пациент, кај кого била констатирана потешка клиничка слика.

Слични содржини