Четиригодишно дете прегазено во Скопје

Детето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5

На 16.02.2026 околу 17:00 часот, на улицата „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му е укажана медицинска помош.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.