Четири лица се приведени за вчерашното пукање во тетовската блница, во кое беа ранети две лица. Се трага по уште едно лица, соопштија од Тетовската полиција.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре. За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, соопшти СВР Тетово.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци.
-Вчера во дворот на Тетовската болница дошло до судир на две групи. Случајно биле во дворот и колку што знам, двајца повредени се префрлени во Скопје, едниот во потешка, а другиот во полесна здравствена состојба, рече денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити за пукањето.
Според министерот, причина за инцидентот биле нерешени проблеми меѓу групите.