Четворица новозаразени и шестмина оздравени од Ковид-19 во Кичево

од Берта Китинска

Четири новозаразени со коронавирус и шест лица оздравени во Кичево, според податоците на Министерството за здравство.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна на 223 лице, од кои 131 се активни, 83 се излекувани и девет лица се починати.

-Денеска кај нас имаме четворица новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар и се разбира дека со во изолација. За среќа, пак, имаме шест лица оздравени од коронавирусот, -информира Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

loading...

Слични содржини