По повод Денот на независноста – 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски ги одликува со Орден „8 Септември“ четворицата македонски спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски.
-Тие се меѓу ретките херои на македонската независност чии успеси се вистински пример за патриотизам. Со своите врвни спортски достигнувања ја афирмираа македонската држава и инспирираа многу млади луѓе да ги надминат пречките и да постигнат успех, истакна Пендаровски.
Претседателот традиционално го доделува ова високо државно одликување.
Чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември продолжува со „Отворениот ден за граѓаните“ на „Школка“ во Градскиот парк, а централната прослава ќе се одржи вечерва на платото кај паркот „Ибни Пајко“ од 19:30 часот.