Четворица Уставни судии во обид да ги спасат обвинетите во случаите на СЈО

од Aleksandar Todeski
322 прегледи

Уставните судии Јован Јосифовски, Елена Гошева, Осман Кадриу и Иникола Ивановски гласно застанаа зад иницијативата за испитување на уставноста за членот од Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба и овластување, во врска со постапките за тендери, пренесува порталот СДК.

Ако овој дел Уставниот суд го укине, од кривична одговорност би се спасиле голем број од обвинетите во случаите кои ги отвори СЈО, односно екс функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие сметаат дека казната од минимум пет години затвор била многу била висока во членот 353 став 5 за злоупотреба на Буџетот на граѓаните од страна на високите функционери. Четворицата сметаат дека вината треба да ја сносат членовите на комисиите за јавни набавки и покрај фактот што одлуките за јавни набавки ги носат министрите, а комисиите само даваат предлог за избор на најповолниот понудувач.

Новиот претседател на Уставниот суд, Сали Мурати не гледа непрецизност во одредбата, како и дека оваа норма датира од 2004 година.

„Се работи за големи злоупотреби на средствата на граѓаните. Ние не треба да се мешаме во креирање на казнената политика, што е работа на Владата и на Собранието. Не е тоа наша работа. Ако ја олабавиме казната, бројот на овие кривични дела уште толку ќе се зголеми“, рече Мурати.

Уставниот судија Дарко Костадиновски пак, смета дека тој не може да им каже на судиите колкави казни да ставаат и дека е потребно да го слушнат мислењето на експертите.

По расправата, судиите од Уставниот суд одлучија гласањето дали да се прифати иницијативата за застарување на предметите за злоупотреби, да се одложи за следната седница.

Слични содржини