Ѕвездата од серијата на “БиБиСи” “Шерлок” и неговиот сценарист Марк Гатис изрази стравови дека четвртата сезона на производството … може да биде и последна.
Причината е неможноста во прилагодување на распоредот за снимање- особено имајќи ги предвид ангажманите на двајцата протагонисти Бенедикт Камбербатч и Мартин Фримен.
Изјавата Гатис ја даде за време на наградите “УатсОнСтејџ” (WhatsOn Stage) оваа недела. “Навистина не знам дали ќе продолжиме”, рече тој и додаде дека дури и тоа да е крај … тој е среќен од постигнатото до сега.