Четврти антивладини протести во Црна Гора

од desk4
99 прегледи

Учесниците во демонстрациите побараа до 15 март претседателот Мило Ѓукановиќ, Владата, јавниот обвинител и шефот на Агенцијата за борба против корупцијата да поднесат оставка, пишуваат медиумите во Црна Гора. 

Тие ги обвинуваат властите за корупција и злоупотреба на службената должност.

Инаку, демонстрантите се заканија дека повторно ќе се обединат на главниот плоштад во   Подгорица на 16-ти март и ќе останат таму додека не бидат исполнети нивните барања.

Организаторите на протестот рекоа дека ја туркаат опозицијата да го напуштат националното собрание се додека не се исполнат барањата за оставка