Четвртиот бран стивнува, комисијата ќе одлучува за укинување на мерките

од Берта Китинска
188 прегледи

Министерот за здравство Беким Сали смета дека согласно резултатите, нема потреба да се продолжи скринингот кај учениците, бидејќи процентот на инфицирани ученици е многу мал. Тој напомена дека бројките на новозаразени секојдневно се следат и сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран.

„Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се продолжи со скринигнот, затоа што ја постигнавме целта. Баравме од овој скрининг да видиме колкав е процентот на новоинфицирани деца, гледаме дека бројката е многу мала, 0,8 отсто, така да нема потреба од продолжување со скринингот. Секојдневно ги следиме бројките, така да сметаме дека сме во фаза на смирување на четвртиот бран“ изјави Сали.

Денска ќе заседава Комисијата за заразни болести каде ќе биде разгледана епидемиолошката состојба во нашата земја, како и можноста за укинување на некои заштитни мерки. Инаку, во нашата земја со две дози анти-ковид вакцина, што се смета за целосна имунизација, се вакцинирани 41% од вкупното население.

Досега во земјата се направени вкупно 1.890.628 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496.

Слични содржини