Четврто издание на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

од Берта Китинска
335 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорот на ЈУ Универзална сала и извршен продуцент на фестивалот, Филип Аврамчев и уметничката директорка на SkLAD 2021, Александра Стратимировиќ, го најавија почетокот на 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светлина, Skopje Light Art District.

– Четвртото издание на Меѓународниот фестивал на светлосната уметност Skopje Light Art District, меѓу скопјани попознат како Фестивалот на светлината, оваа година поради 30 годишнината од македонската независност, симболично започнува на 8-ми септември. Замислата на фестивалот е да внесе малку светлина и боја во секојдневието кое го сите го живееме и да ни ја покаже убавата, шареноликата страна на животот, изјави градоначалникот Шилегов.

Слични содржини