Чичаковски и Арјо избрани за управни судии

од desk4
177 прегледи

На денешната седница на Судскиот совет, Александар Чичаковски, поранешниот претседател на Државната изборна комисија е избран за судија во Управниот суд, во конкуренција на 31 кандидати за 2 судиски места, а за кого  гласаа 11 членови на Судскиот совет.

Покрај Чичаковски, избрана е и Елеонора Ајро, сопругата на специјалниот обвинител Артан Ајро, познат по судскиот предмет „Тврдина-Таргет“.

Ова е последниот избор за судии во Управниот суд по стариот Закон, бидејќи огласот беше објавен пред 25 мај, кога во сила стапи новиот Закон, со кој е предвидено да се бираат кандидати со завршена академија на судии.

Слични содржини