Чиј монопол штити ВМРО-ДПМНЕ со противењето на изградбата на коридорите? Дали е тоа една фирма којашто единствено има претставништво во солунско пристаниште, прашаа утрово од СДСМ преку соопштение.
Од партијата се децидни дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски водат хајка против изградбата на Коридорот 8 и коридорот 10Д и против реномирана американска компанија како што е Бехтел.
-ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на провизии и промашени прокети за автопати, денес е против најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра од кои 51 отсто ќе завршат во домашните компании, порачаа од СДСМ.
Опозицијата смета дека изградбата на Коридорите според договорот е многу скапа, но се сомнева и во корупција и криминал.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера информира дека Договорот со Бехтел и Енка нема да биде поединечно доставен до пратениците со безбедносен сертификат, туку претставници на Владата на затворена седница на некоја од собраниските Комисии ќе го донесат пред пратениците и тие тогаш прв пат ќе можат да се запознаат со него.