Новата генерација ракети на Кина ќе биде создадена со користење на технологија за модуларни конструкции, изјавил за весникот China Daily директорот на главниот департментот по разработките во Третата академија на Кинеската вселенско научно-производствена корпорација (CASIC) Ван Чанцин.CASIC е водечки производител во Кина на ракети со копнена, морска и воздушна намена. Како што забележува China Daily, Академијата развила повеќе ракети за кинеската војска. Модуларната структура претпоставува нејзината конфигурација за конкретни цели и задачи да биде во согласност со борбените услови.

Според Ван Чанцин, новите ракети ќе поседуваат висок степен на АИ. “Тие ќе им овозможат на команда да ги контролира во реално време или да користи режим на пат за дома, а исто така да ги менува нивните задачи во лет” – истакна тој.