Чистејќи го снегот „Македонија пат“ турна 30 сообраќајни знаци во битолско

од desk2
175 прегледи

 

Полегнати се триесетина сообраќајни знаци кои го регулираат сообраќајот на регионалните патишта што ја поврзуваат Битола со Ресен и Новаци, пишува СДК.

„Вака е откако падна последниот снег пред десетина дена. ‘Македонија пат’ при чистењето го истурка снегот на краевите од коловозот, па се потиснаа и сообраќајните знаци кои беа поставени пред неколку месеци, кога беше реконструиран патот од Битола за Новаци и РЕК“, вели Злате Николовски, жител на Новаци.

Дел од знаците се накривени, а дел турнати на земја.

Од битолската полиција велат дека ја констатирале ваквата состојба на терен и го предупредиле „Македонија пат“ да ги прицврсти знаците.

Целиот текст ТУКА