Брза и лесна тортичка за љубителите на слаткото.

Состојки:
150 г кекси
6 лажици путер
3 јаболкa
1 лажичка цимет
1 ванилин шеќер
300г крем-сирење
4 лажици шеќер
100 мл слатка павлака
Приготвување:
Јаболката изрендајте ги или сечкајте ги на ситни коцкички.
Во тава растопете лажица путер, додадете ги јаболката, циметот и ванилиниот шеќер па варете додека јаболката не омекнат.
За тоа време во блендер ставете ги кексите, иситнете ги и додадете го путерот за да добиете смеса која можете со прсти да ја втиснете во калап.
Измешајте ги шеќерот и крем-сирењето па додадете ги јаболката и добро измешајте.
Ставете ја смесата во фрижидер на половина час, а за тоа време измешајте ја слатката павлака со која ќе го премачкате колачот пред послужување.