„Поаѓајќи од уставно загарантираните човекови слободи и права, пред се од правото на здружување заради остварување и заштита на граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните и други слободи и права, Ние членовите на ВМРО ДПМНЕ и македонски патриоти го формиравме ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ (ФСП).

forum-slobodnoumniPatrioti

Формирањето на Форумот – ФСП е принципиелен патриотски и морален одговор на нашата се поголемата загриженост за правецот во кој се движи Република Македонија. Форумот на слободоумни патриоти се спротивставува на обидите и желбите за воспоставување на систем без систем односно на систем по мерка на политичките елити, на обидите авторитаризмот и тоталитаризмот да се протуркаат како елитен демократски артикл, лаицизмот да се нуди со етикетата на авангардност, на обидите злоупотребата на државите и партиските функции да се претстават како производ на светските цивилизациски трендови, а сиромаштијата на нашиот народ како продукт на идејата за колективно жртвување во името на некакви ,,повисоки” државни интереси.

ВИЗИЈА НА ФОРУМОТ е создавање:

општество на слободни и независни граѓани каде ќе се почитуваат граѓанските, политичките, економските, социјалните, културните и другите слободи и права,
општество на лојални и рамноправни граѓани,
општество со развиена демократска свест,
општество со демократски, непартизирани и професионални институции,
општество чија темелна вредност е владеење на правото засновано на неговите основни постулати.

ЦЕЛИ НА ФОРУМОТ:

Поаѓајќи од содржина та на вторвиот дел од името на партијата ДПМНЕ (Демократска партија за македонско нацинално единство), кое јасно и недвосмислено го означува начинот на делување и политичките стремежи на партијата Форумот нема за цел да прави делби и расколи ниту во партијата ниту во државата, ниту има за цел некого да го омаловажува, руши или маргинализира туку негов приоритет е реализација на овој вековен стремеж. И токму поради тоа во овој момент приоритетна обврска е спротивставување на сите партиско политички активности кое секојдневно како народ се повеќе не делат и разделуваат по сите основи.
Форумот ќе се залага за јакнење и пораст на демократската свест на граѓаните и подигање на нивото на културата во политичката комуникација, ќе вложува напори да ја релаксира политичката состојба во државата како и да овозможи политички дијалог помеѓу политичкитe субјекти во земјата.
ФСП најенергично и бескромпромисно ќе ја води борбата Република Македонија да се ослободи и конечно да расчисти со агресивната и егоистична политичка елита која во овие дваесетина години создаде изобличена демократија и во таа смисла ФСП најергично се спротивставува на секое „владењее на егоизмот на личните интереси“.
Форумот ќе нуди алтернативни предлози и решенија на правен, економски, политички и безбедносен план како и на полето на демократијата
ФСП максимално ќе се залага за почитување на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавно изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап и јавното информирање.
ФСП ќе се спротивстави на сите обиди за туркање на партијата во водите на партискиот деспотизам, меѓутоа истовремено ќе вложи максимални напори за враќање на изгубениот идентитет на партијата.
ФСП ќе се грижи за своите сопартијци и за остварување на нивните права и обврски,
ФСП ќе се залага за промена на постојниот Статут на партијата кој треба да коренспондира со името на партијата, нејзините цели и задачи но и да овозможи нејзина демократизација на сите нивоа“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Слични содржини