Оваа торта ќе ви се допадне на сите, бидејќи состојките сигурно ги обожавате!
СОСТОЈКИ:
1 л млеко
8 лажици шеќер
3 кесички пудинг од чоколадо
125 гр путер/маргарин
300 гр мелени бисквити
100 гр чоколаден шлаг крем
200 мл млеко
1 кесичка чоколадни трошки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пудингот разматете го во 200 мл млеко, добро измешајте, да не останат грутки.
Во 800 мл млеко ставете шеќер и загрејте (но не да зоврие). Ставете пудинг и на умерена температура мешајте да згусне. Тргнете од рингла, додајте путер/маргарин и измешајте да се растопи и соедини.
На тацна ставете обрач (26 см) и наредете ред мелени бисквити. Бисквитите може да се потопат малку во млеко или чоколадно млеко, но и не мора. Преку бисквитите ставете пудинг (половина од вкупната количина) па наредете уште ред мелени бисквити. Завршете со останатиот пудинг.
Ставете на ладно да се излади и стегне. Тргнете го обрачот.
Разматете чоколаден шлаг крем со млеко и украсете ја тортата. Вратете на кратко во фрижидер. Исечете и послужете.