Чоколадна торта од палачинки

Состојки за фил:

200 гр чоколадо
100 гр маргарин
250 мл хопл
200 гр печени и исчистени лешници

Подготовка:

Прво во сад растошете го маргаринот и чоколадото, а потоа додајте ја хоплата. Кога ќе добиете изедначена смеса, тргнете од оган. Меѓу секоја палачинка ставете слој од чоколадното полнење, а по желба можете да додадете парчиња лешници и така продолжете додека не ги потрошите сите палачинки.

Полнењето ќе тече од страните, но тоа е во ред бидејќи преку последната палачинка ќе го истурите остатокот од смесата, а можете и дополнително да додадете чпколадо.

Декорирајте со овошје или лешници.

Слични содржини