247
Неодоливи чоколадни бомбици кои ќе ве освојат на првиот залак.
СОСТОЈКИ:
200 гр шеќер
1 дл вода
125 гр маргарин
50 гр мелени ореви
50 гр кокосово брашно
250 гр мелени бисквити
250 гр чоколадо за готвење
100 гр желе бонбони
100 гр суво грозје
4 лажици шеќер за посипување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Шеќерот и водата згответе ги и оставете ги да вријат минута, па тргнете од оган. Додајте маргарин и чоколадо да се растопат. Постепено додајте бисквити, ореви и кокосово брашно. Добро измешајте. Ситно исечкајте желе, а сувото грозје натопете го со вода и исцедете го па додајте го во масата.
Правете бомбици, во средина на секое топче ставете желе па извалкајте ги во шеќер и ставете ги во хартиени корпички.
Уживајте!