Состојки:
Тесто:
– 50 гр путер
– 50 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 1 прстофат сол
– 1 јајце
– 50 гр кисела павлака
– 50 мл масло
– 50 гр пченкарен скроб
– 200 гр брашно, по потреба додадете уште малку брашно
– 50 гр ситно сечкани бадеми
– 25 гр кафеав шеќер
– 100 гр темно чоколадо
– 100 гр сечкани бадеми, за посипување
Подготовка:
Изматете ги путерот, шеќерот, ванилиниот шеќер и солта. Додадете го јајцето и матете додека не се соедини со смесата.
Потоа додадете павлака и масло. На крајот додадете го пченкарниот скроб и брашното. Ќе добиете меко тесто кое не се лепи.
Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер половина час.
Изладеното тесто поделете го на два еднакви дела.
Расукајте го тестото во круг, посипете со половина смеса од кафеав шеќер и сечкани бадеми, па со сукало малку иситнете ги бадемите.
Исечете го тестото на 12 триаголници и свиткајте ги, од најширокиот до најтесниот дел. Направете го истото со другиот дел од тестот.
Печете ги кифлите на 180 степени околу 25 минути или додека не добијат убава боја.
Кога кифлите ќе се испечат и малку ќе се изладат, прелијте ги со растопено темно чоколадо и посипете ги со сечканите бадеми.