561
Претседателката на Здружението на матични лекари Лили Чолакова за ТВ24 вели дека покрај со корона периодов често се јавуваат и пациенти со сезонски грип. Советува – не смее да постои страв од болеста.
-Лицата кои имаат грип имаат солзави светли очи, кивање, носост им е зацрвенет додека пак кај ковидот немавме такви симптоми така да може диференцијално дијагностички да се препознаат.Моментот на страв многу негативно влијае, кога на некого ќе му кажете дека е позитивен на ковид настануваат тахикардии, паника во семјеството за тоа кога треба да се оди во изолација, вели Чолакова.