Актуелно
Почетна / Македонија / Чолош и Ќучук: Северна Македонија ги исполни критериумите за почеток на преговорите со ЕУ

Чолош и Ќучук: Северна Македонија ги исполни критериумите за почеток на преговорите со ЕУ

Северна Македонија ги исполни критериумите за да ги почне преговорите со Европската унија. Сега следи политичката одлука со новата методологија која ја предложи Европската комисија. Земјата направи добри чекори со законот за јавно обвинителство и ја охрабруваме да продолжи со борбата против организиранито криминал и корупцијата, порачаа Дачиан Чолош, лидер на групата на либералите во Европскиот парламент – „Renew Europe“ и известувачот за Македонија во ЕП, Илхан Ќучук.

– Методологијата треба да се усвои од Советот и земјите членките и откако тоа ќе биде завршено мислам дека сите услови ќе бидат завршени да започне тој процес. Ние во Европскиот парламент ќе се залагаме за тоа, рече Чолош, одговарајќи на новинарски прашања пред денешната дебата посветена на младите и Европската унија во организација на Либерално-демократската младина.

Известувачот за земјава Ќучук со порака дека Владата и опозицијата заедно треба да работат на остварување на стратешките цели на државата.

–  Сигурен сум дека големи работи може да се случат во Северна Македонија, но за тоа е потребна  политичка волја. Тоа не се однесува само за Владата, туку и за опозицијата и моја заложба е дека заедно можат да работат на остварување на стратешките цели на земјата и не гледам подобра стратешка цел од тоа да се биде дел од НАТО и земја членка на ЕУ бидејќи тие можат да испорачаат висок демократски и економски стандард кои се многу потребни на регионот и на земјата, изјави Ќучук, порачувајќи дека реформите се прават заради граѓаните и државата.

ЕУ, рече Ќучук, не се однесува на политичките елити на земјата, туку на граѓаните и на младите, бидејќи тие се иднината. – Паметната политика е за следните 15 до 20 години, а не е за утре, порача известувачот на ЕП за земјава.

loading...