Чомовски: За Димитров велат дека е американски ученик, иако денешните изјави не го покажаа тоа

од Nikola Popovski

Димитров беше зелен во неговиот денешен настап. Тој, кој никогаш нема трема, денес беше изваден од кожа и беше со голема тензија. Со нападот на Османи изврши напад на основните постулати на македонскиот мултиетнички пристап, вели новинарот Александар Чомовски на денешните изјави на вицепремиерот за економски прашања во заминување, Никола Димитров.

За новинарот, проблемот не е во Османи.

-Шефот на дипломатијата не води надворешни политики со лични свои погледи. Има начини кога се усогласува. Ако тој е голем патриот и македонист, на кого му одговара овој момент на затегнување на односите со Бугарија со таква реторика, кога ни претстои средбата Ковачевски-Петков. Тој сака да влезе во ритамот на кој не го сака Договорот за добрососедство. Србија и Русија не го сакаат. После ваков настап би се сомневал што тој мисли, иако сите велат дека тој е американски ученик и експозитура на американската дипломатија, оценува Чомовски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини