Во период на вируси и грип еден од најдобрите природни начини за подобрување на имунитетот е консумацијата на цвекло во вид на сок, како додаток во палачинки, смути, салати или чорба.
За вкусна чорба од цвекло за освежување на организмот и подобрување на имунитетот е потребно:
3 главици цвекло со средна големина
1 компир со средна големина
1 морков
1 праз
малку пилешка супа, по желба
¼ лажичка лук во прав
сол и бибер по вкус
маслиново масло по потреба
малку кисела павлака за послужување
Подготовка:
Добро исчистете го и измијте го празот, па исечкајте го. Морковот измијте го, исчистете го и изрендајте го. Во загреано тавче ставете малку маслиново масло и пропржете ги празот и морковот.
Цвеклото и компирот добро измијте ги и ставете да се готват со лушпа. Кога ќе се сварат исчистете ги од лушпата и исечете ги на коцки, додадете ги празот и морковот, измешајте сè, па ставете во блендер. Додадете лук во прав, бибер, сол и бистра супа.
Сè измешајте и послужете со кисела павлака.