Чорба од зелка со ребра

од desk4

Варената зелка е неодолив и здрав ручек преполн со витамини.

 

СОСТОЈКИ:
– 1 главица зелка
– 800 г шпиц ребра
– 3 моркови
– 1 лажичка сушен босилек
– по вкус сушен растителн зачин
– 3 листови лавор
– 1 свежо пиперчиња
– 1 филџан пасирани домати
– 2 лажици црвен пипер
– сол по вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Зелката исечкајте на крупно, а морковот на кругчиња. Земете поголем сад и на дното ставете масло. Додајте половина од сечканата зелка и морковите, над него ставете парчиња ребра. Посипете со сол и зачини. Додајте лаворов лист и сув босилек. Потоа ставете ја втората половина од зелка, моркови и месо. Зачинете со остатокот од зачини, посипете со црвен пипер и ставете ги пиперчињата. Полејте со пасираните домати, налејте вода, колку да ја прекрие смесата и ставете да се крчка на среден оган, додека  омекне месото. Повремено промешувајте со лажица. Послужете со сезонска салата.

Слични содржини