Човекот на Путин откри што се случило со Ким: Ова е вистинската информација

од Aleksandar Petrovski
352 прегледи

Нема причина да се мисли дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун има здравствени проблеми, рече Олег Мелниченко, шеф на работната група за соработка помеѓу Советот на Федерацијата и парламентот на Северна Кореја, по разговорот со амбасадорот на Северна Кореја во Русија.

– Разговарав со севернокорејскиот амбасадор. Ако Ким Џонг Ун имаше какви било здравствени проблеми, ќе бевме информирани. Бидејќи не добивме вакви вести од амбасадорот, убедени сме дека сè е во ред со Ким – рече рускиот сенатор.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече само дека на Кремљ му недостасуваат официјални здравствени информации за водачот на Северна Кореја.

Гласини за лошата здравствена состојба на Ким Џонг Ун беа предизвикани од информациите дека лидерот на Северна Кореја ја пропуштил роденденската прослава на неговиот дедо на 15 април.

Медиумите шпекулираат за неговата здравствена состојба, имаше извештаи дека тој бил во критична состојба после операција на срцето, па дури и дека починал.