332
Новото засилување на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени одбил речиси двојно поголема плата од Пари Сен Жермен за да стане европски шампион, тврди „Марка“.
Деновиве Французинот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Монако со плата од 6-7 милиони евра, додека Парижани му нуделе 12 милиони.
Во моментот на неговото претставување, Чуамени го потврди интересот на ПСЖ, но објасни дека им свртел грб на сите други понуди кога добил повик од Реал.
Тој призна дека Килијан Мбапе разговарал лично со него за трансферот.