Несмасниот Чуамени се излета и го потврди трансферот на Мбапе во Реал Мадрид

од Симе Стоиков

Сигурно е веќе јасно дека Килијан Мбапе на лето ќе замине во Реал Мадрид. Официјална потврда се уште нема, но несмасно се чин тоа го потврди Чуамени.

Со години следиме приказни за тоа како и дали Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ. Сега конечно е сигурно.

Француската ѕвезда одлучи да не го продолжи договорот со францускиот шампион и на лето ќе го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен играч.

Следна дестинација во кариерата на Килијан Мбапе очекувано ќе биде Реал Мадрид. Секако, се уште се чека официјална потврда за ова.

Сепак, неговиот соиграч од француската репрезентација Орелиен Чуамени се чини дека се обидува што поскоро да ја потврди целата зделка.

Имено, тој пред неколку недели со емоџи со пуканки коментираше на објава на Х за преселбата на Мбапе во Реал Мадрид.

Сега отиде малку подалеку. Тој во интервју за медиумите отворено зборуваше за Мбапе и Реал Мадрид.

„Шпанците се свесни за тоа каков играч е Килијан, иако ќе ја разберат неговата големина кога ќе го гледаат секој ден“, изјави младиот играч од средниот ред за Телефот.

Слични содржини