Чудо: Деца пронајдени живи во џунгла пет недели по авионската несреќа

од Vladimir Zorba

Четири деца од домородна заедница во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, изјави во петокот колумбискиот претседател Густаво Петро.

Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион.

„Радост за целата земја! Четири деца кои исчезнаа… изгубени… во колумбиската џунгла се појавија живи“, објави Петро преку Твитер.

Слични содржини