Почетна / (не)Секојдневно / Чудо од дете: Дипломира на само девет години, а веќе наредната ќе запише докторат

Чудо од дете: Дипломира на само девет години, а веќе наредната ќе запише докторат

Чудо од дете од Белгија на само девет години студира електротехника и во декември планира да дипломиера на Технолошкиот факултет Еиндховен, на студиите кои ги запишал минатата година. После тоа, Лаурен Симонс, планира да запише и докторски студии по електротехника, а истовремено ќе студира и медицина, рекол неговиот татко Александа за CNN.

Неговиот талент најпрво бил забележан од страна на неговите баба и дедо, а родителите сметале дека претеруваат, но набргу и неговите учители се сложиле.

Тие исцрпно го тестирале во потрага за границите на неговиот талент и им рекле на родителите дека тој е како сунѓер, односно дека многу брзо впива многу информации.

Лаурен доаѓа од фамилија на доктори, но и понатаму нема објаснување зошто е толку многу надарен.

Универзитетот му дозволил да ги заврши студиите порано од другте студенти и рекле дека Лаурен е „еднотавно извонреден“.
– Лаурен ни е најбрзиот студент кој сме го имале. Не само што е хиперинтелигентен, туку е и многу чувствителен – рекле од универзитетот.

Неговиот напредок, секако, не остана незабележан и веќе е баран од многу престижни универзитети ширум светот.

Неговите родители внимаваат Лаурен да има време и за играње.
– Не сакаме да стане многу озбилен. Тој прави што сака – рекол неговиот татко и додал дека мора да најдат рамнотежа меѓу неговото детство и неговиот талент.

loading...