Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрени ниту сум изненаден, а ниту пак вознемирен, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил по изјавата на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов дека е згрозен од постапките на министерот кој очигледно сака да направи целосна девастација на правниот систем.
-Денешната изјава е само одраз на вистинската личност на Петре Шилегов која во изминатиот период ја задскрива зад градоначалничка позиција глумејќи чесен и одговорен политичар. За мене е премногу ниско да се впуштам во коментирање на неговите изјави, затоа што тие не се достојни, а ниту се ниво за мое коментирање. Истовремено тие се параван за задскривање на неговата неспособност и некомпетеност. Само на кратко ќе констатирам дека доколку мојот чесен е и одговорен пристап во работата и грижата за граѓаните и нивното здравје за Шилегов е „лудо“, тогаш слободно може да продолжи да ме нарекува така. Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“ и тогаш може да ме нарекува така.Граѓаните за мене се најважни и во таа насока ги информирам дека Министерството за внатрешни работи веднаш презеде активност и случајот за кој тој обвинува е расчистен во целост.Јавноста треба да биде сигурна дека и понатаму ќе постапувам исклучиво во согласност со законите и во интерес на државата и колку и тоа да биде „лудо“ во очите на политичари од власта воопшто нема да ме поколебаат во оваа моја намера, напиша Чулев.