Благодарност за вработените во Министерството за внатрешни работи кои даваат исклучително голем придонес во справување со пандемијата од КОВИД-19!, преку својот Фејсуб профил упати денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Тој вели дека потпишал уредба која денеска ќе ја достави до Владата со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив.
-Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе од првите редови во справувањето со коронавирусот. Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи, пишува Чулев.