418
За набавка на два телефона за кабинетот на министерот Наќе Чулев, министерството за внатрешни работи платило 173.980 денари, дознава „А1он“.
За еден телефон, платено е 86.990 денари, што е и највисока продажна цена за мобилен уред во нашата држава. Едниот од уредите е наменет за министерот Наќе Чулев, а другиот, неофицијално, за неговиот шеф на Кабинетот. Двата телефона се набавени неколку дена по назначувањето на Чулев на функцијата технички министер за внатрешни работи.