Албанците може да нема да бидат трпеливи додека ние уште сме во застој. Треба да ги антиципираме и можните негативни последици. Има индикации кои што ми даваат за право да антиципирам таква опасност, вели професорката Ана Чупеска во емисијата „Само вистина“ за македонскиот евроинтегративен пат.
-Зошто да бидат? Ако некој те кочи во развојот, а можеш нешто друго да правиш – ќе седиш, што ќе правиш? Тоа е нормална човечка природа, додава таа во емисијата.
Чупеската истакнува дека треба да се најде начин како да се заврши обврската по пат на национален консензус и да ги почнеме преговорите со ЕУ.
-Самите процеси на преговарање имаат таква гравитациона снага да го покренат општеството, да ги прави побрзо реформите, рече професорката и додаде:
-Зошто ние сега го билатерализираме прашањето и сакаме да преговараме со Бугарија, а треба да преговараме со ЕУ? Ова ми е чудна тактика. Зошто се става фокус на Бугарија, а не на Унијата? Преговарачката рамка е од Советот на ЕУ.