Камбоџанските власти запленија машки лав чуван како домашно милениче во приватна вила во градот Пном Пен.
Сопственик на 18-месечниот машки лав, тежок околу 70 килограми, бил кинески државјанин, кој го увезел животното од странство со намера да го одгледа во својот дом, потврди Нет Пеактра, претставник на Министерството за заштита на животната средина на Камбоџа , а пренесува лондонскиот дневен весник „Гардијан“.
„Нашите власти започнаа истрага за овој случај веднаш по објавувањето на видеото со ова диво животно, кое сопственикот го чуваше како домашно милениче во својата вила во главниот град на Камбоџа, беше објавено на социјалната мрежа ТикТок кон крајот на април“, рече Пеакра, повторувајќи дека не е дозволено да се чуваат „ретки диви животни како домашни миленици“, пренесува Танјуг.