Вработените во зоолошката градина близу Виена во среда еднократно ќе донираат половина од своите плати за згрижување а дивите животни кои се повредени во големите пожари во Австралија, известиле од австриската институција.
Покрај тоа, управата на зоолошката градина ветила дека ќе донира и половина од парите од продажбата на карти и храна што во среда ќе ги купат посетителите.
„Работам со коали. Навистина ме погодија страшните слики по пожарите во Австрлија и сакав нешто да преземам“, рекол во понеделникот чуварот Кива Чејен Принсло.
Парите се наменети за здружението Zoo and Aquarium Association Australasia, чии членови водат ветеринарски и рехабилитациони установи за животните погодени во големите пожари.
Повеќемесечните раздорни пожари во Австралија резултираа со масовно губење на живеалиштата на 113 автохтони животински видови, меѓу кои и коалите.
Ширум Австралија изгореа повеќе од 12,5 милиони хектари земјиште и шума.