Чуварите пуштиле затвореници на молитва, побегнале 113

од desk2
118 прегледи

Повеќе од 200 затвореници побегнале од еден затвор на западот на Индонезија, откако го совладале чуварот за време на молитва, соопшти полицијата.

Бегството се случило синоќа кога сите 720 затвореници биле пуштени од келиите на вечерна молитва. Полицијата наведува дека бегалците се главно осудени за дела поврзани со наркотици, а очигледно го планирале бегството.

Ја пробиле жицата користејќи тегови и метални прачки и побегнале низ полињата со ориз.

Стражарот е полесно повреден. Најмалку 26 затвореници се фатени, а полицијата ги бара останатите.

Бегствата во преполните затвори во индонезија се чести. Минатата година повеќе од 440 осуденици избегале од затвор, исто така во тек на молитва, додека во 2013 година за време на побуна избегале 240 затвореници, меѓу кои и неколку осудени за тероризам.